Вардар правеше многу грешки во нападот, а тоа знаеше како да го искористи Еурофарм Пелистер 2, кој по 10 минути имаше водство од 6-2, а „црвено-црните“ никако не успеваа да се приближат на помалку од два гола негатива (7-9), по што првото полувреме му припадна на битолскиот тим со 14-11.
Е. Пелистер не попушташе ниту во вториот дел и го чуваше водството од четири гола, а Вардар во последните 10 минути конечно почна да ја „топи“ разликата и стигна на само еден гол негатива во 55. минута, а до прво израмнување само неколку моменти подоцна (24-24). Сепак, домаќините пак ја вратија предноста и триумфираа со 27-26.
Во екипата на Вардар по шест постигнаа Георгиевски и Тото.