Денес, ракометниот клуб Вардар ќе го одигра последниот натпревар во оваа натпреварувачка сезона. На програмата е реванш дуелот од 1/8 финалето во СЕХА лигата против екипата на Металоплстика.
Денешниот натпревар кој стартува од 16:00 часот треба да биде само формалност за црвено-црните кои се стекнаа со висока предност од осум голови, на вчерашниот натпревар одигран во С.Ц. Јане Сандански. Вардар славеше со резултат 31:39 на дуелот на кој беше условно гостин, па се очекува и денес победа за успешен крај на сезоната.
После вчерашниот триумф, тренерот Алушовски најави дека денес шанса ќе добијат останатите ракометари кои имаа помала минутажа сезона. Инаку, овој дуел ќе биде последен и за неколку играчи кои го напуштаат Вардар и се селат во други клубови.
Алушовски ќе го има последниот натпревар како тренер на Вардар, додека од играчите, тоа се Дисингер, Калараш, Чупиќ, Кизиќ, Векиќ, Шеваљевиќ, Кантегрел и Јотиќ.