Речиси е се готово, за жал на Арпад Штербик ова му е последна сезона во дресот на Европскиот шампион, тимот на Вардар.
Штербик од следната сезона се враќа во Унгарија и тоа во тимот на Веспрем. Преговорите помеѓу унгарскиот гигант и фантастичниот Штербик се во завршна фаза, па така прашање е само на време кога и официјално ќе се обелодени трансферот во редовите на Веспрем.
Штербик во јуни месец 2014 година дојде во редовите на “црвено – црните”, овој трансфер се претпостави дека е клучен за Вардар во освојувањето на Европската круна минатата сезона.
Кој ќе го замени големиот Арпад на голот на Вардар сеуште не е познато, потенцијални замени се Никлас Ландин и Иван Пешиќ од тимот на Брест Мешков.