Вардар успеа да однесе голема победа од Германија, откако славеше на првиот четвртфинален меч против екипата на Кил (28:29). Иако вардарци во последната минута влегоа со еден гол негатива, сепак на крајот успеаа да слават. Најпрво Дибиров го израмни резултатот, за да останат уште 20 секунди напад за домашниот тим. Беше побаран тајмаут од страна на Гисласон, а во последниот свој напад Кил направи грешка и ја фрли топката во аут. Истата ја зема Македа и упати удар од половина терен, кој заврши во мрежата на противникот.
Погледнете ги последните два гола на овој меч за екипата на Вардар, на линкот,ТУКА.