Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци повторно ќе блеснат на следните два натпревари во ЛШ и ќе донесат голема радост
Вардарци повторно ќе блеснат на следните два натпревари во ЛШ и ќе донесат голема радост

Вардарци повторно ќе блеснат на следните два натпревари во ЛШ и ќе донесат голема радост

Иако имаме проблеми со повредени играчи и два последователни порази во Лигата на Шампионите, се уште ништо не е загубено дури и во борба за првото место на табелата. Пред црвено-црните се два многу важни натпревари во рамките на најсилната група А. Најпрво во сабота гостуваме во Белорусија, на екипата на Брест Мешков, која е во лоша серија од шест последовтелни порази, по кои се погласни се гласините дека ќе дојде до тренерска промена.

Вечерва со мечот Рајн-Некар-Веспрем, стартуваше 9. коло во групата А, а тимот на Веспрем славеше во Манхајм и стигна интересно до петтата победа, со што се израмни според бројот на освоени бодови со екипите на Вардар и Рајн-Некар, сите моментално имаат по 10 бодови, но вардарци имаат и натпревар помалку за одигрување, оној против Брест Мешков. Во ова коло се среќаваат и екипите на Киелце и Барселона, па каков и да биде исходот од овој меч, сигурно дека нашиот шампион ќе “профитира„ но ние мораме да се сконцентрираме на нашиот настап во ова коло.

Во следното коло, кое ќе биде последно во оваа календарска година во ЛШ, избраниците на Парондо пред својата публика ќе го пречекаат “должниот„ Киелце, кој мора да падне во Јане Сандански. Со два триумфи на споменатите мечеви и со евентуални два неуспеха на полјаците во овие две кола, црвено-црните ќе се искачат на второто место на табелата, што е секако одлично остварување во оваа група на “смртта„. Од февруари следната година кога ќе продолжат настапите во ЛШ, полека во составот ќе се вратат сега веќе повредените Фереира и Борозан, но и полека ќе можеме да сметаме и на Сергеј Горбок, па комплетни ќе атакуваме на висок пласман на табелата.

Сигурни сме дека Вардар повторно ќе блесне, како и на почетокот на оваа сезона, кога имавме четири победи во серија. Иако имаме проблеми со играчкиот кадар, знаеме дека момците ќе остават срце на терен во следните два меча и дека ќе ни приредат голема радост.