Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Борко Ристовски и Марко Мишевски се нови играчи на Вардар
Борко Ристовски и Марко Мишевски се нови играчи на Вардар

Борко Ристовски и Марко Мишевски се нови играчи на Вардар

Од утре, Европскиот ракометен Шампион ќе биде посилен за две нови имиња. Се работи за голманот на Македонската репрезентација, Борко Ристовски кој во Вардар доаѓа од екипата на Бенфика и за младиот Марко Мишевски кој после шест месеци повторно ќе го облече црвено-црниот дрес. Двајцата од утре ќе се приклучат на тренинзите на екипата.

На прес-конференцијата после поразот во ЛШ од екипата на Монпелје, Алушовски потврди дека Вардар ќе биде засилен за двајцата играчи. За Ристовски ова значи враќање во Вардар откако во два наврати го бранеше голот на клубот. Се надеваме дека неговото искуство ќе помогне во главните предизвици кои му претстојат на Вардар и одбраната на трофеиите. Марко Мишевски е играч кој ги помина младинските екипи на Вардар, откако дојде од екипата на Металург. Се работи за млад надежен играч кој игра на левата бековска позиција, а дебитираше и за Македонија на ЕП.

Во наредниот период, Вардар го очекува четврт-финалниот двомеч од СЕХА-лигата против екипата на Нексе, додека следниот предизвик ќе биде 1/8 финалното соочување со екипата на Пик Сегед во ЛШ.