Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Веќе и потврдено, Вардар без борба ќе ја предаде Европската круна
Веќе и потврдено, Вардар без борба ќе ја предаде Европската круна

Веќе и потврдено, Вардар без борба ќе ја предаде Европската круна

Како и што се најавуваше, Вардар без борба ќе мора да ја предаде Европската титула.

Извршниот комитет на ЕХФ реши на завршниот турнир да играат екипите кои се пласираа на првите две места, во најсилните групи А и Б. Поради пандемијата со корона вирусот, која го зафати целиот свет, нема да се одиграат осмина-финалните, ниту пак четврт-финалните мечеви.

Тоа значи дека за трофејот во Лигата на Шампионите, во Келн, ќе се борат екипите на ПСЖ, Барселона, Кил и Веспрем. Истиот ќе се одигра во последните денови од 2020 година, односно на 28 и 29.декември во „Ланксес Арената“, кога ќе биде актуелна и натпреварувачката сезона 2020/21.