Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Познат конечниот пласман на машкиот дел од турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“
Познат конечниот пласман на машкиот дел од турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“

Познат конечниот пласман на машкиот дел од турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“

Генерацијата родени 2004/05 година во машкиот и женски дел го финишираше турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“. Се натпреваруваа вкупно 12 екипи во машкиот дел, распоредени во три групи од по четири екипи. Првопласираните од сите групи и најдобрата второпласирана играа во полуфиналето на турнирот.

Првото место им припадна на РК Карпош од Куманово, кој во финалето го победи тимот на Бисинов, со резултат од 18:20. Третото место пак го освои екипата на Илинден која беше убедлива во дуелот со тимот на ГРК Гостивар (19:9). На петтото место се пласираше Ангели Вардар откако ја победи екипата Урдаревски Вардар со 11:6

a2

Екипата на РК Будимир го освои седмото место на турнирот, откако во борба за 7/8 место беше подобра од екипата на Виница-Вардар.

Во првите пет минути од натпреварот се играше израмнето, за тимот на Будимир да постигне три последователни голови и да поведе со 3:6. За момент екипата од Виница се доближи на предноста на Будимир, кога намали на 6:7, но повторно Будимир се одлепува на водство од 7:11, кое беше највисоко во овој дел од натпреварот. Во текот на целото второ полувреме, РК Будимир имаше предност која се движеше од 4-5 голови ралика. На крајот заслужена победа за овој тим, со резултат од 13:19 и седмо освоено место на турнирот во оваа возрасна генерација.

a3

Деветтото место е за екипата на Балтепе, која дури по изведување на ударите од седум метри ја порази Опш.Кисела Вода. Во регуларниот дел натпреварот заврши со резултат 12:12. Кисела Вода подобро го отвори натпреварот и имаше предност од 3:1, но тетовчани брзо го свртија резултатот во своја корист кога поведоа со 3:4. На полувреме Балтепе имаше водство од 5:6. Интересно во второто полувреме се играше гол за гол и ниту една од екипите немаа поголемо водство од еден гол разлика. По истекот на 30-те минути резултатот беше нерешен 12:12, по што се пристапи на изведување на пенали. Таму како подобри се покажаа Балтепе, кои славеа со 13:14.

a4

Единаесеттото место на турнирот е за екипата на Асови, кои во борбата да се избегне последното место на турнирот ја совладаа екипата на Кале од Кичево. По првото полувреме резултатот беше 9:1, а првиот гол екипата на Кале го постигна после серијата од девет погодоци на тимот на Асови. Во второто полувреме следиме серија на Асови од три погодоци, за двоцифрена предност од 12:1. До крајот следиме повеќе голови на Кале, за ублажен пораз на крајот од 14:5.