Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познат новиот датум на одложениот меч: ППД Загреб-РК Вардар
Познат новиот датум на одложениот меч: ППД Загреб-РК Вардар

Познат новиот датум на одложениот меч: ППД Загреб-РК Вардар

Мечот кој требаше да се одигра оваа сабота со тимот предводен од Веселин Вујовиќ хрватскиот преставник во регионалната лига ППД Загреб доби нов термин на одигрување .Вардар ќе гостува во Хрватска на 19 октомври ,а мечот е закажан за  во 17 часот и 30 минути.

Вараждин е највероватно местото каде ќе се одигра ,но ова останува да се дефинира во иднина . Делители на правдата на дуелот помеѓу тимовите кој имаат СЕХА титули ќе бидат  Петер Бруновски и Владимир Чанда. Дуелот беше на програмата овој викенд но беше одложен по барање на домаќинот од како неколкумина членови на загребскиот тим и предводникот од клупата екс тренерот на црвено- црните Вујо имаа здравствени проблеми. Дефинитивно со презакажувањето за следниот месец прв следен меч на црвено- црните останува дуелот во Лигата на Шампионите со Монпелје нагости на 20 месецов.