Вардар го дозна патот по кој ќе чекори за одбрана на Европската титула и ги дозна противниците во најсилната група А. Тие се и повеќе од познати за црвено-црните. Трета сезона по ред во група се наоѓаме со екипата на Кристијанштад, која исто толку сезони по ред е шампион на Шведска. Имаме позитивен биланс во дуелите со овој тим, каде од четири одиграни натпревари имаме исто толку победи. Добро познат противник, кој негува брза игра и знае да биде многу незгоден по противничките екипи. Во новата сезона, Кристијанштад ќе биде значително ослабен со неиграњето на двајцата најдобри играчи последниве две сезони. Тоа се голманот, Небојша Симиќ кој замина во Мелсунген и крилото Толбринг кој премина во Рајн-Некар. Истиов биланс во последниве две години го имаме и со тимот на Пик Сегед, против кого трета година по ред ќе играме во иста група. На последните четири дуели и тоа во изминативе две сезони, Вардар во сите мечеви успеа да излезе како победник против вицешампионот на Унгарија. Мора да се напомене дека се работи за “тврд“ орев кој тешко се крши и екипа против која е неизвесно до последната минута. Тоа го покажуваат и последните меѓусебни резултати на овие две екипи. Сигурно дека повторно ќе биде тешко да се совлада Пик Сегед, кој последниве неколку сезони осетно се засилува и е предводен од Шпанскиот стратег, Карлос Пастор кој има договорот со екипата до 2019 година.
Следен противник за Вардар во најсилната група А е Загреб, кој повеќе од доволно го познаваме, пред се од настапите во СЕХА-лигата, каде секоја сезона играме по три натпревари. Со ППД Загреб и минатата сезона бевме дел од иста група, а шампионот на Хрватска беше тимот кој ни го нанесе првиот пораз во најголемото ракометно натпреварување, но и во СЕХА-лигата. Подоцна Вардар ги одмазди поразите и во ЛШ и во Балканската лига, каде успеавме високо да го поразиме противникот во полуфиналето на ова натпреварување. Во новата сезона, на клупата на оваа екипа ќе биде познатиот Касим Каменица, кој последни екипи со кои работеше беа Нексе и Пелистер. Покрај тоа се најавени и неколку играчки промени во екипата. Стана навика во група да се паѓаме и со тимот на Рајн-Некар, кој последниве две години успеа да го сруши Кил и да стане шампион во најсилната бундес лига. По две победи имаат и двете екипи, на последните четири одиграни меѓусебни мечеви. Во Скопје ќе имаме можност да го гледаме Филип Талески, додека Манасков го напушти клубот и се пресели во Веспрем. Тука е и новото засилување на левата крилна позиција, Џери Толбринг, додека предвреме да се “пензионира“ се реши Екдал Де Руиц.
Против Барселона имаме негативен биланс од десет порази, само еден нерешен резултат и една но највредна победа против големиот противник и тоа во полуфиналето на завршниот турнир во Келн, каде црвено-црните станаа Европски шампиони. Повеќе дел од Барса не е Кирил Лазаров, а екипата ја напушти и пикерот Нодесбо. Нов договор потпиша, Тунижанецот, Ваел Жалуз, додека Барселона силно го посакува Палмарсон, но Веспрем бара голема сума на пари за предвремен раскин на договорот. Со Висла Плок во сеќавање ќе ни останат осминафиналните дуели пред три сезони, кога Вардар успеа да надокнади шест гола негатива од првиот натпревар и на реваншот во Скопје да слави со високи единаесет голови разлика, како и пред две сезони, кога истиве екипи повторно се сретнаа во осминафиналето, каде Вардар по голема борба за само еден гол успеа да го елиминира Полскиот претставник. Единствено Нант е анонимен за Вардарци, кој минатата сезона беше дел од лигата на шампионите, каде го освои првото место во една од послабите групи. Во осминафиналето, беа поразени од финалистот, екипата на ПСЖ. Најзвучното засилување за Нант во новата сезона ќе биде капитенот на Македонската репрезентација, Кирил Лазаров. Таму како главен тренер работи Тиери Анти, а негов помошник е познатиот и поранешен шпански репрезентативец и играч на Суидад Реал, Алберто Ентрериос,