Денес, Вардар го претстави Веселин Вујовиќ како нов тренер на тимот за новата натпреварувачка сезона.
На прес-конференцијата пред медиумите, сопственикот на Вардар, Михајло Михајловски, најави дека клубот ќе биде посилен во новата сезона.
Потврдени се новите засилувања, меѓу кои и последното, се работи за пикерот кој доаѓа од Висла Плок, Жереми Тото.
Во Вардар ќе се вратат младите Савревски, Ќосевски, Крстевски и голманот Гогов, додека во најава се барем уште две засилувања на позициите кои се дефицитарни.