Вечерва со почеток од 19:00 часот во С.Ц. Борис Трајковски, сениорската машка ракометна репрезентација го игра првиот од двата натпревари во рамките на баражот за пласман на СП против селекцијата на Романија.
Тренерот Кирил Лазаров го објави составот за вечерашниот натпревар, на кој ќе смета и на играчи од редовите на Вардар. Се работи за Стојанче Стоилов, Филип Талески, Гоце Георгиевски и голманот Мартин Томовски.