Денес со почеток од 19:00 часот, Европскиот ракометен шампион, екипата на Вардар ја стартува новата сезона во лигата на шампионите. Црвено-црните одбраната на титулата ја започнуваат во Полска, против екипата на Висла Плок. Тренерот Раул Гонзалес веќе го објави составот, на кој може да смета за денешниот натпревар. Во тимот се враќа Лука Циндриќ, а тука е и Мораес Фереира. Интересно втор голман денес е младиот Даниел Ѓорѓески, на местото на Милиќ.
РК Вардар: Абутовиќ, Борозан, Кањелас, Циндриќ, Чупиќ, Дибиров, Фереира, Ѓорѓески, Карачиќ, Кристопанс, Македа, Марсениќ, Шишкарев, Штербик, Стоилов, Војводиќ.
Му посакуваме многу среќа на нашиот шампион, на воведниот натпревар во новата сезона во најголемото ракометно натпреварување.