Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Познати полуфиналните двојки на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“
Познати полуфиналните двојки на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“

Познати полуфиналните двојки на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“

После одигрување на третото коло по групите, понати се полуфиналистите на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов. Тоа се екипите на Илинден, Карпош и Бисинов кои го освоија првото место во својата група, како и тимот на Гостивар, кој како најдобро второпласиран обезбеди “виза“ за пласман во полфиналето.

Илинден со максимални освоени бодови ја заврши групната фаза, откако успеа да слави и во третото коло против екипата на Асови (24:11). На вториот натпревар во групата А, Ангели Вардар беа подобри од екипата на Будимир, совладувајќи ги со резултат од 20:24. Ова беше втор триумф за екипата на Ангели која доаѓа од Скопје.

Во групата Б, екипата на Карпош завршија на првото место со три победи од исто толку одиграни натпревари. Во последното коло ја совладаа екипата на Урдаревски, нанесувајќи им го првиот пораз на турнирот, но со голема разлика (19:12), пораз кој ги чинеше испаѓање од турнирот во групната фаза. На натпревар кој немаше реултатско значење, Опш.Кисела Вода беше подобра од екипата на Балтепе (16:14).

Интересно беше во групата В, каде во полуфиналето се пласираа две екипи. Тоа се Бисинов кои завршија на првото место, со максимални освоени бодови, додека второто место го освои тимот на Гостивар, после убедливиот триумф против Кале од Кичево (29:5). Токму овој висок триумф им овозможи да имаат најдобра гол разлика и како најдобра второпласирана екипа да се пласираат на завршниот турнир. Тие во гол разликата излегоа како подобри од екипата на Ангели и Урдаревски, кои исто така имаа по две победи во групите.

Така во полуфиналето, во текот на денешниот ден на Кале ќе се сретнат екипите на:

Илинден – Карпош (11:30 часот)

Бисинов – Гостивар (12:15 часот)

За пласман од 5-12 место ќе разигруваат следните екипи:

Пласман од 11/12 место: Асови – Кале ( 10:00)

Пласман од 9/10 место: Опш.Кисела Вода – Балтепе ( 10:45)

Пласман од 7/8 место: Виница – Будимир (13:00)

Пласман од 5/6 место: Ангели – Урдаревски 13:45.