Нашиот шампион, ракометниот клуб Вардар во периодот од 13-16-ти август ќе учествува на меѓународен ракометен турнир “Кањижа куп 2015“ . Веќе се познати групите и сите термини на одигрување на натпреварите. Црвено-црните ќе бидат во група заедно со екипите на Партизан(Србија) и Горење Велење(Словенија). Другата група ја сочинуваат тимовите на Нексе(Хрватска), Пик Сегед(Унгарија) и репрезентацијата на Саудиска Арабија. Организаторот на турнирот, ја одреди програмата на одигрување на сите мечеви.
Нашиот шампион најпрво ќе одигра пријателски натпревар со екипата на Нулифер. Овој дуел е закажан за (13.08), со почеток од 20:00 часот. Веќе следниот ден( 18:00) го започнуваме и настапот на “Кањижа куп“ . Прв противник е екипата на Партизан. Во сабота ќе ги одмериме силите со вицешампионот на Словенија, тимот на Горење Велење. Недела е последен ден на турнирот, каде ќе се разигрува за пласман. Во 20:45 е закажано доделување на наградите за најдобрите екипи и играчи.
Да напоменеме дека и минатата година, Вардар беше учесник на “Кањижа куп“ и го освои второто место.