Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познати се сите осминафинални двојки на СП, денес Македонија игра против Норвешка, настап и за Русија, Шпанија и Бразил

Познати се сите осминафинални двојки на СП, денес Македонија игра против Норвешка, настап и за Русија, Шпанија и Бразил

Вчера се одиграа останатите натпревари од последното коло во групната фаза на светското ракометно првенство во Франција. Единствено настап имаше Лука Циндриќ кој со својата репрезентација доживеа пораз во дуелот со Германија. Ова беше натпревар за првото место во групата Ц, кој убедливо им припадна на Германија.

Натпреварот започна добро за избраниците на Жељко Бабиќ кои имаа почетно водство од 1:3 Сепак во следните 12 минути изненадувачки, Хрватска не успева да постигне ниту еден погодок. Напротив Германија која успева да направи серија од 6:0 и да поведе со 7:3. На седум минути пред крај, Германија имаше водство од 11:5. Сепак до крајот на првото полувреме, Хрватска успева да намали и на одмор да се замине со резултат 13:9. Голманите на Хрватска имаа слаб ден и во првото полувреме заедно одбранија само три удари, наспроти Андреас Волф кој имаше седум успешни интервенции. На стартот на второто полувреме, Хрватска успева да смали на 14:12 и да донесе неизвесност на мечот. Сепак со два последователни голови, Германија брзо ги враќа четирите голови предност од првиот дел, за во продолжение од мечот повторно да има највисоки шест голови предност (19:13). До крајот на натпреварот само се зголемуваше водството, за конечен резултат од 28:21. Лука Циндриќ постигна еден гол. На овој начин Германија го освои првото место во групата, додека Хрватска заврши како второпласирана.

Денес ќе се одиграат и првите осминафинални двојки. За нас најинтересен е дуелот на Македонија против Норвешка. Шпанија на Душеабев и Кањелас ќе играат против Бразил за кој настапува Мораес Фереира. Русија ќе игра против Словенија, додека домашната селекција на Франција за противник го има Исланд.