Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Филип, Илинден, Гостивар и РК Урдаревски се полуфиналисти на зимскиот турнир, во машкиот дел кај генер. 2000/01

РК Филип, Илинден, Гостивар и РК Урдаревски се полуфиналисти на зимскиот турнир, во машкиот дел кај генер. 2000/01

Утрово продолжија натпреварите на зимскиот ракометен турнир, “Вардар, еден живот, една љубов. Кај генерација родени 2000/01 се одигра и третото коло, по кое беа познати сите екипи кои ќе играат во полуфиналето.

Во борба за првото место во групата А се сретнаа екипите на Урдаревски и Гостивар, а победа издвојуваше тимот на Гостивар. Во првите седум минути се играше гол за гол, а последното израмнување беше при резултат 4:4. Екипата на Гостивар за прв пат се одлепува на два гола разлика 4:6, што им носи предност по првото полувреме од 6:7. На стартот на второто полувреме, Урдаревски го израмни резултатот на 7:7, но Гостивар повторно го засилува темпото на игра и постигнува два последователни голови. Последната закана кон водството на Гостивар се случи на шест минути пред крај кога Урдаревски намали на само еден гол разлика 9:10. Гостивар беше подобар во финишот и со нови два гола се одалечи на 9:12, што беше и најголема предност. Немаше време за Урдаревски да стори нешто повеќе и на крајот се заврши со резултат 10:13. Христијан Димитријески, Бојан Маркоски и Бојан Давидоски постигнаа по 3 голови кај победничката екипа.

Во групата А првото место му припадна на тимот на Гостивар со 9 бодови, додека второпласиран е Урдаревски со 6 бода. Тоа значи дека овие две екипи ќе играат во полуфиналето кај генерацијата 2000/01.

16118087_1764862623833729_464995596_n

На вториот натпревар кој не решаваше ништо во оваа група се сретнаа тимовите на Војнисон и Шампион. Овој меч заврши со нерешен резултат од 9:9. По првото полувреме резултатот беше 4:3 за Војнисон. На стартот на вториот дел, Шампион го израмни резултатот, но следуваат два погодоци во серија за Војнисон за предност од 6:4. Во следните пет минути, Шампион го израмнува резултатот на 7:7, за до крајот да се игра гол за гол на двете страни, за конечен резултат од 9:9.

15965028_1218522211527956_1287903035661396877_n 15965375_1218522074861303_6749554940005325839_n

Своите натпревари од третото коло ги одиграа и екипите од групата Б, по што и тука беа познати полуфиналистите. РК Филип Вардар го потврди пласманот во четирите најдобри екипи и со уште една трета последователна победа, против Преспа ги разреши сите дилеми. Во текот на целиот меч, избраниците на Таневски имаа водство и не дозволија изненадување. На стартот поведоа со 0:3, додека првиот гол, Преспа го постигна во 4 минута. За момент екипата од Ресен го намали резултатот на 3:4, но Прилепчани повторно се одлепуваат резултатски и зголемуваат на 3:7. Првото полувреме завршува со резултат 6:8. За одбележување е голот на Преспа при прекин од девет метри.

15965475_1218521938194650_5355181835868476379_n 15977747_1218522088194635_943554681205568837_n

Филип-Вардар го постигнува првиот гол во второто полувреме, но Преспа успева да заигра подобро и по 7 минути игра во вториот дел успева да го израмни резултатот на 10:10. Сепак избраниците на Таневски не дозволуваат неизвесен финиш, па во следните 5 минути прават серија од 1:6 за предност од 11:16. Конечниот резултат гласеше 12:17. Андреј Ѓероски и Џулијано Христоски постигнаа по 5 голови кај тимот од Прилеп.

16002931_1218521934861317_4764434400161052919_n 16105515_1218522214861289_5261087099486083111_n 16105617_1218521941527983_2138170005615290872_n

Пласманот во полуфиналето го потврди и РК Илинден со триумфот над РК Бутел. Избраниците на Дарко и Александра Јанев ја потврдија фаворитската улога на овој натпревар и сосема заслужено на крајот забележаа победа. Уште од самиот старт имаа водство од 3:1 и 6:2. Предноста се повеќе растеше и во еден момент достигна највисоки седум голови разлика (11:4). До крајот на првото полувреме се играше гол за гол, па на одмор се змаина со резултат 13:6. На стартот на вториот дел, Илинден прави серија од 3:0 и стигнува до двоцифрена предност од 16:6. Во текот на целото второ полувреме, избраниците на Дарко и Александра Јанев имаа водство кое се движеше од 9-10 голови разлика. На крајот конечниот резултат гласи 20:12. Гордан Миленковски со 10 голови го водеше Илинден до полуфинале на турнирот.

Прв во оваа група е РК Филип со максимални 9 освоени бодови. Второто место му припадна на Илинден со 6. Екипата на Преспа заврши како третотопласирана со 3 и последно место во групата за Бутел без освоен бод.

Полуфинални двојки кај генерација 2000/01:

РК Илинден- РК Гостивар

РК Филип- РК Урдаревски