Познати се термините за осмина-финалниот натпревар на Вардар во Лигата на Шампионите против екипата на Веспрем.
ЕХФ ги објави термините за елиманциската рунда во ЛШ. Најпрво на 1.април, црвено-црните се домаќини во С.Ц. Јане Сандански, додека една недела подоцна ќе се одигра реваншот во „Веспрем арената“. Двата натпревари ќе се одиграат во терминот од 18:45 часот.
Во случај да го поминеме Веспрем, во 1/4 финалето ќе играме од подобриот меѓу Нант и Киелце.