Европската ракометна куќа ги одреди термините на одигрување на четвртфиналните мечеви во лигата на шампиони. Вардарци ќе бидат домаќини на првиот дуел против екипата на Веспрем на 23-ти април (сабота). Овој прв натпревар од 1/4 ќе започне во 16:00 часот. Една недела подоцна, односно на 30-ти април со почеток од 17:30 ќе се одигра реванш натпреварот во Унгарија, по што ќе биде познат патникот на завршниот турнир во Келн.
Ова се термините на одигрување на сите четвртфинални двојки:
Вардар- Веспрем 23.04 и 30.04.2016
Кил- Барселона 24.04 и 27.04.16
Фленсбург- Кјелце 23.04 и 27.04.16
Загреб- ПСЖ 23.04 и 01.05.16