Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > На 17-ти септември, Вардар против Висла Плок ја започнува одбраната на Европската титула
На 17-ти септември, Вардар против Висла Плок ја започнува одбраната на Европската титула

На 17-ти септември, Вардар против Висла Плок ја започнува одбраната на Европската титула

Новата сезона во лигата на шампионите за Европскиот ракометен шампион ќе започне на 17-ти септември. Вардар ја отвара сезоната на гостување во Полска против екипата на Висла Плок. Веќе се познати официјалните термини за првите пет натпревари на црвено-црните, во најголемото ракометно натпреварување. Првиот дуел на домашен терен, ќе биде на 23-ти август против тимот на Нант, за кој во новата сезона ќе настапува Кирили Лазаров.

Ова се термините за првите пет натпревари на Вардар во најсилната група А.

коло (17 септември): Висла – Вардар 19 часот
2 коло (23 септември): Вардар – Нант 17,30 часот
3 коло (1 октомври): Вардар – ППД Загреб 17 часот
4 коло (7 октомври): ПИК Сегед – Вардар 17,30 часот
5 коло (14 октомври): Вардар – Барселона 17,30 часот