Пред точно една година, Вардар успеа да го направи невозможното и втор пат во историјата да обезбеди пласман во финалето на ЛШ.
На денешен ден пред една година, се одигра полуфиналето на Ф4 турнирот во Келн меѓу екипите на Вардар и Барселона. Иако каталонскиот тим имаше предност од седум голови по првото полувреме, а во одредени периоди и осум голови позитива, сепак Вардар успеа да ја стопи негативата и на крајот со „невозможен“ пресврт да ја победи Барселона.
На полувреме резултатот беше 9:16 во корист на Барселона, додека на крајот црвено-црните славеа победа со резултат 29:27. Кристопанс беше најефикасен со 10 постигнати голови, додека Карачиќ имаше 5 голови.