Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар прес! Штербик: Потребна е максимална сериозност, Раул: Силата на П.Сегед е во тимот
РК Вардар прес! Штербик: Потребна е максимална сериозност, Раул: Силата на П.Сегед е во тимот

РК Вардар прес! Штербик: Потребна е максимална сериозност, Раул: Силата на П.Сегед е во тимот

Денес во Спортскиот центар Јане Сандански се одржа прес конференција пред првиот домашен дуел во лигата на европски ракометни шампиони. На истата присуствуваа од таборот на црвено – црните, голманот Арпад Штербик и шефот на стручниот штаб Раул Гонзалез. Нашиот “џин“ Арпад искажа големи пофалби за тимот, и предупреди на сериозноста на овој дуел и квалитетот кој го носи тимот на ПИК Сегед. Штербик во изјавата која ја пренесува официјалниот сајт на нашиот клуб вели:

Очекувам тежок натпревар затоа што ПИК Сегед е сериозен противник. Можеби не звучи како Барселона, или Париз, но во последнте две години тие го кренаа нивото и мислам дека се меѓу најдобрите екипи во Европа. Мината година го елиинираа Рајн-Некар, потоа со Кил водеа 3-4 разлика и победија. Пред таа година го освоиа ЕХФ Купот. Јас од овој натпревар повеќе се плашам отколку од кога ќе дојде Барселона на пример, затоа што некако луѓето мислат дека ова е ПИК Сегед и дека лесно ќе победиме. Јас напротив би сакал да влеземе со максимална сериозност.

Раул на пресот кажа дека има мали проблеми со двата повредени играчи на средната бековска позиција Лука Циндриќ и Игор Карачиќ за кој очекува дека ќе се надминат. Шпанецот даде и оценка за силината на нашиот противник со кој ќе се соочиме во недела тој вели :

Со Монпелје освоивме 2 бода, но тоа помина, сега играме проитв Пик Сегед. Тоа е многу добар противник, одигра одлично против Кјелце, секогаш имаше 3-4 разлика водство. Мора да играме подобро в недела. Во Монпелје не игравме 60 минути на исто ниво. Сакаме да имаме добар меч затоа што имаме добра публика. За нас е многу важно кога играме во „Јане Сандански“, секогаш сме подобри отколку на гости. Имаме проблеми со Карачиќ и со Лука Циндриќ. Лука има дисторзија на скочниот зглоб ама тренираше добро вчера. Ќе мора да чекаме но мислам дека ќе биде добро. Карачиќ има проблем со рамото, некогаш е добро, некогаш е лошо, но мислам дека и тој ќе може да игра. За нас е многу важно да освоиме два бода и не смееме да загубиме ако сакаме да постигнеме нешто.Можеби ќе речете дека победивме на пријателски натпревар пред еден месец, но ова е Лига на шампиони мора да влеземе со максимална почит кон противиникот. Силата на ПИК Сегед е екипата, можете да речете дека некој е силен овде или онаму, игра добра одбрана, но со ПИК Сегед никогаш не знаете. Имаат добар тренер, тој е мој пријател и одлична екипа.

фото: rkvardar.mk