Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > На денешен датум пред шест години, Вардар и Хамбург одиграа со нерешен резултат во С.Ц. Борис Трајковски
На денешен датум пред шест години, Вардар и Хамбург одиграа со нерешен резултат во С.Ц. Борис Трајковски

На денешен датум пред шест години, Вардар и Хамбург одиграа со нерешен резултат во С.Ц. Борис Трајковски

На денешен датум пред точно шест години, Вардар го одигра првиот осмина-финален меч од Лигата на Шампионите, во историјата на клубот. Моравме по тежок пат да се бориме за пласман во 1/4 финалето, откако за противник го добивме тогашниот актуелен шампион на Европа, се работи за екипата на Хамбург.

Тој натпревар се одигра во С.Ц. Борис Трајковски, кој беше исполнет до последното место. Иако германците важеа за големи фаворити за победата, сепак Вардар одигра одличен меч и покрај тоа што имаше негатива на полувреме, до крајот на дуелот успеа да се избори за нерешен резултат. Мечот заврши со конечни 28:28, а Тимур Дибиров беше најефикасен ракометар со 9 постигнати голови.

Ретко кој веруваше дека Вардар може до чудо во реваншот кој за седум дена се одигра на теренот на противникот. Но црвено-црните од тогаш го најавија својот поход во Европа, победија со еден гол разлика и му ја симнаа Европската круна на Хамбург.