На денешен ден 21 март 2015 РК Вардар го одигра возвратниот натпревар од 1/8 финалето во Л.Ш против тимот на Висла Плок од Полска. На овој натпревар нашите играчи бркаа негатива од шест голови стекнати на првиот натпревар во Полска. Играчите на Висла буквално се загубија во скопскиот ”пекол”. Преку 5.500 гледачи навиваа за РК Вардар во еден глас во текот на сите 60 минути. Овој натпревар нашите ракометари, потпомогнати од навивачите го добија со дури 11 голови разлика (31-20) што значеше и пласман во 1/4 финалето. Се надеваме дека сличен амбиент ќе има и во сабота против истиот противник.