Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > На денешен ден пред една година, илјадници граѓани го пречекаа Европскиот шампион
На денешен ден пред една година, илјадници граѓани го пречекаа Европскиот шампион

На денешен ден пред една година, илјадници граѓани го пречекаа Европскиот шампион

На денешен ден, пред точно една година, илјадници граѓани низ улиците на Скопје се насобраа да го поздрават новиот шампион на Европа. Екипата на РК Вардар успеа на завршниот турнир во Келн, да ги совлада екипите на Барселона и ПСЖ и да ја освои Лигата на Шампионите. На тој начин стана првиот машки клуб во историјата на ракометот кој успеал да ја подигне Европската титула.

На скопскиот аеродром „Александар Велики“ во 11 часот, илјадници симпатизери го пречекаа европскиот шампион РК ВАРДАР , потоа со панорамскиот автобус ракометарите патуваа кон центарот на Скопје поздравувајќи се со граѓаните два часа, сé додека не поминаа низ Триумфалната Порта во 13 часот. На Плоштадот Македонија ги чекаше бина од која накратко се обратија сите членови на тимот. Попладнето беа во посета на вилата „Водно“ каде што Претседателот Иванов им додели медали за заслуги за Македонија. Тоа се моменти кои вечно ќе ги паметиме.