Пред точно пет месеци екипита на РК Вардар успеа да испише историја и да стане Европски шампион. Иако влеговме како “аутсајдери“ на завршниот турнир во Келн и бевме најмали фаворити за освојување на ЛШ, сепак избраниците на Раул Гонзалес покажаа надмоќност во дуелите со Барселона и ПСЖ и на крајот стигнаа до Европската титула. Златни беа головите на Циндриќ против Барселона и оној последниот во финалето на Чупиќ против Барса.
Вардар добро ја започна и новата сезона, каде ќе се обиде да ја одбрани европската круна. Моментално е лидер во својата група и по пет одиграни натпревари има четири победи и еден нерешен резултат. Според последниот ранкинг на ЕХФ, Вардар е повторно најголем фаворит за освојување на лигата на шампиони, што би бил првиот тим кој успеал да ја одбрани европската титула.