Веќе се одиграни првите четири дуели од четвртфиналните двомечи во ЕХФ Лигата на шампионите. Она што е интересно се два факти, првиот дека Вардар и Келце ги деманираа по кој знае кој пат прогрнозерите на ЕХФ за ранкинг, вториот фактот е дека најблиску до Ф-4 се сите четири екипи од Групата-А. Што само покажува во каква пеколна конкурнеција игравме оваа сезона во групната фаза во елитната лига.
Веќе е познато Вардар на домашен терен со 8 гола предност, 32-24 го совлада ПИК Сегед во еден дуел со многу емоции поради моменталната состојба во црнено-цениот клуб. Огромно изненадување приреди вчера тимот на Душебаев кој го совлада ПСЖ на неговиот ученик Раул Гонзалес. Келце успеа да победи со десет гола предност, 34-24 и да најави пласман на завршниот турнир. Во другите два меча може да кажеме дека имаме помалку очекувани резултати, првите два тима од нашата група остварија лесни победи. Барселона победи в гости кај Нант на Кире Лазаров во 25-32, а Веспрем го совлада бундеслигашот Флензбург со 22-28 на гостувањето во Германија.