Со денешниот натпревар меѓу екипите на Охрид и Струга, ќе се комплетира 13.коло од плеј-офот во ракометната Супер лига.
Со вчерашната победа против екипата на Пролет, црвено-црните се наоѓаат на само една победа до освојување на нова Шампионска титула. Иако екипата на Пролет даде отпор и во голем дел од натпреварот одржуваше резултатска неизвесност, сепак пресуди квалитетот и искуството на вардарци кои се одлепија на четири голови разлика, кои беа доволни до крајот да се стигне до 12 победа сезонава. Чупиќ беше најефикасен со 8 голови, додека Георгиевски постигна 7.
Во борбата за Европа, дербито во Автокоманда му припадна на Металург кој за еден гол го победи тимот на Бутел, додека Еурофарм Пелистер очекувано високо го совлада „братскиот“ тим на Еурофарм Пелистер 2.
Охрид – Струга (01.06) 19:00
Пролет – Вардар 22:28
Е.Пелистер 2 – Е.Пелистер 23:31
Металург – Бутел 36:35
Вардар остана лидер со 36 бодови, колку што има и екипата на Еурофарм Пелистер. Во последното коло со победа над Металург, тимот на Вардар ќе стане Шампион на Македонија.