Изминатиов викенд се одигра и 7.коло во плеј-фот од машката ракометна Супер лига, коло кое помина без изненадување, односно фаворите дојдоа до победи во дуелите со своите противници.
Вардарци стигнаа до нова победа, овој пат на дербито кое се одигра во спортската сала во населбата Автокоманда. Металург даде отпор само едно полувреме, кое не беше доволно да се изненади Вардар. До очекувани победи во ова коло стигнаа и екипите на Еурогарм Пелистер, Пролет и екипата на Бутел.
Комплетни резултати од 7.коло:
Пролет – Струга 27:21
Охрид – Еурофарм Пелистер 20:24
Металург – Вардар 27:31
Еурофарм Пелистер 2 – Бутел 25:26
Вардар го задржа лидерското место со максимални 21 освоен бод, додека чекор држи екипата на Еурофарм Пелистер која има 18 бодови. На третото место се наоѓа Пролет со 12 бодови, додека Бутел има 10 бодови на четвртото место на табелата во Супер лигата.