Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Преглед на 9.коло, РК Вардар продолжи со максималниот ефект
Преглед на 9.коло, РК Вардар продолжи со максималниот ефект

Преглед на 9.коло, РК Вардар продолжи со максималниот ефект

Изминатиов викенд се комплетираше и 9.коло во плеј-офот од ракометната Супер лига, во кое победи забележаа фаворитите.

Вардар немаше проблеми на дуелот со Охрид и стигна до висока победа, додека до нови бодови стигна и екипата на Еурофарм Пелистер која се „намачи“ да го победи Бутел на гостински терен. До цел „плен“ во ова коло стигнаа и екипите на Пролет и Металург.

Комплетни резултати од 9.коло:

Вардар – Охрид  37:29

Металург – Струга 35:28

Пролет – Еурофарм Пелистер 2  27:25

Бутел – Еурофарм Пелистер  26:29.

Вардар ја задржува лидерската позиција со максимални 27 освоени бодови пред екипата на Еурофарм Пелистер која има 24 бодови. На 3.место се наоѓа Пролет со 15 бодови, додека на 4 и 5.позиција се наоѓаат Металург и Бутел со по 11 бодови.

Во следното 10.коло на програмата е дербито во Битола, каде Вардар гостува на Еурофарм Пелистер.