Monday ,20 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар го имаше најефикасниот напад во СЕХА-лигата, Дибиров е најдобар стрелец
Вардар го имаше најефикасниот напад во СЕХА-лигата, Дибиров е најдобар стрелец

Вардар го имаше најефикасниот напад во СЕХА-лигата, Дибиров е најдобар стрелец

Во новата сезона, СЕХА-лигата претрпе нов формат на натпреварување, во кој екипите се поделени во две групи. Вардар успеа да заврши како прв во својата група и да обезбеди директен пласман во четврт-финалето на ова натпреварување, во кое го брани трофејот освоен од минатата сезона. Имавме можност да бидеме во група со два дебитанти, тоа се екипите на Мотор Запорожје и Пекинг Спорт. Одигравме десет натпревари, на кои собравме 24 бодови, односно имавме 8 победи и два порази. Единствените порази беа на гостувањата кај Мотор и на последниот меч кој немаше резултатско значење, а на кој Вардар настапи со вториот тим. Вардар може да се пофали дека го имаше и најдобриот напад во двете групи, постигнувајќи 319 голови, додека примивме 291 гол.

Постигнатите резултати на Вардар во групната фаза:

1 коло: Вардар – Пекинг Спорт  37:23

2 коло: Мотор Запорожје - Вардар  32:31

3 коло: Вардар – Нексе  27:25

4 коло: Татран Прешов – Вардар  22:29

5 коло: Пекинг Спорт – Вардар  28:36

6 коло: Вардар – Војводина  26:23

7 коло: Вардар – Мотор Запорожје  44:37

8 коло: Војводина – Вардар  33:35

9 коло: Вардар – Татран Прешов  28:26

10 коло: Нексе - Вардар  42:26

 Најдобар стрелец е Тимур Дибиров со 46 голови, кој се наоѓа и на 3.место на листатата на најдобри стрелци. После него следат Иван Чупиќ со 37, Даннил Шишкарев и Сикошек Пелко со по 29 голови. Во ТОП-50 се наоѓаат уште и Павел Атман со 26 и Димитар Димитриоски со 23 голови.