Вардар го очекува втор натпревар во рамките на Лигата на Шампионите. Утре во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на Брест Мешков.
Директен пренос од натпреварот ќе можете да проследите на Арена Спорт 4. Натпреварот стартува од 20:45 часот.
После подолго време ќе има навивачи во салата, а црвено-црните ќе се обидат да стигнат до првиот триумф сезонава во ЛШ.