До крајот на оваа календарска година, црвено-црните ги очекуваат уште два натпревари и тоа во рамките на СЕХА-лигата. Последниот пред домашната публика ќе го одиграме утре со почеток од 20:15 часот во С.Ц Јане Сандански, каде гостува екипата на Татран Прешов. Се работи за шампион на Словачка кој важи за еден од претедентите за пласман на завршниот турнир.
Директен пренос од мечот можете да проследите на МРТ-1, а цената на билетите за овој дуел е 50 денари.