Monday ,20 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар – ППД Загреб со директен пренос на МРТ и Арена Спорт 2

Вардар – ППД Загреб со директен пренос на МРТ и Арена Спорт 2

Во среда со почеток од 20:15 часот не очекува дерби натпревар од 15.коло во СЕХА-лигата. Во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на ППД Загреб. Пред одигрување на овој дуел и двете екипи имаат по 36 освоени бодови и веќе се сигурни учесници на завршниот турнир во ова натпреварување.

Натпреварот, Вардар-ППД Загреб можете да го проследите со директен пренос на МРТ-1 и Арена Спорт 2. Сите кои ќе набават билет за саботниот дуел во ЛШ против екипата на Монпелје, ќе добијат гратис влезница за мечот со Загреб.