Во среда, екипата на РК Вардар ќе го одигра претпоследниот меч за оваа календарска година. Во рамките на 12.коло од СЕХА-лигата во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на Татран Прешов. По тој повод од клубот денес ќе одржат прес-конференција на која ќе ги изнесат очекувањата за овој меч. Истата ќе започне со почеток од 12:00 часот.
Натпреварот во среда стартува во терминот од 20:15 часот.