Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Прес-конференција на РК Вардар, пред можеби најважниот натпревар на сезоната

Прес-конференција на РК Вардар, пред можеби најважниот натпревар на сезоната

Во четврток екипата на РК Вардар го игра реванш натпреварот од четврфиналето на ЛШ, против екипата на Фленсбург. Црвено-црните имаат голема шанса да го постигнат најголемиот успех на клубот и да се најдат на завршнио турнир во Келн. За да се случи тоа ќе треба да ги сочуваме двата гола предност од Германија, или пак да ги зголемиме. По тој повод ракометниот клуб Вардар утре ќе одржи прес-конференција, на која ќе ги изнесе очекувањата за реваншот со Фленсбург. Истата ќе се одржи во прес-конференциската сала, со почеток од 11:45 часот.

Натпреварот со Фленсбург се игра во четврток во С.Ц. Јане Сандански, со почеток од 19 часот.