Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Прес-конференција за мечот на РК Вардар против Целје
Прес-конференција за мечот на РК Вардар против Целје

Прес-конференција за мечот на РК Вардар против Целје

Во сабота екипата на РК Вардар ја очекува нов натпревар во лигата на шампионите. Во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на Целје Пивоварна Лашко. Црвено-црните ќе се обидат пред својата публика да ја продолжат серијата на победи и уште повеќе да се доближат до освојување на првото место на крајот од групната фаза. По повод овој меч, нашиот клуб утре во прес-конференциската сала ќе одржи прес-конференција на која ќе ги сподели очекувањата за овој натпревар и истата ќе започне од 11:45 часот.

Во првиот дел од сезоната веќе го победивме Целје во Словенија. Саботниот натпревар започнува од 17:30 часот.