Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Прес на Целје пред мечот со Вардар: За да успееме против Вардар треба да бидеме на највисоко ниво во текот на целиот меч, инаку ќе ни се случи она што не снајде во СЕХА-лигата
Прес на Целје пред мечот со Вардар: За да  успееме против Вардар треба да бидеме на највисоко ниво во текот на целиот меч, инаку ќе ни се случи она што не снајде во СЕХА-лигата

Прес на Целје пред мечот со Вардар: За да успееме против Вардар треба да бидеме на највисоко ниво во текот на целиот меч, инаку ќе ни се случи она што не снајде во СЕХА-лигата

Во недела Вардарци ги очекува нов натпревар од лигата на шампионите. Противник ни е екипата на Целје Пивоварна Лашко, која веќе еднаш убедливо ја совладавме токму на теренот каде во недела ќе се одигра овој меч. Во рамките на сеха-лигата, црвено-црните беа убедливи против шампионот на Словенија, нанесувајќи му тежок пораз во својата арена. Во пресрет на овој дуел од таборот на противникот свое видување за овој меч дадоа тренерот Бранко Тамше и Миха Зарабец.

-Не очекува натпревар со Вардар, тим што буквално нема слаба точка во својата игра. Се работи за одлични ракометари на секоја позиција, долга клупа и квалитетно тренерско име. За да  успееме против Вардар треба да бидеме на највисоко ниво во текот на целиот меч, инаку ќе ви се случи она што не снајде нас во СЕХА-лигата. Најважно за нас треба да биде да го намалиме бројот на загубени топки, бидејќи на последниот меч примивме многу голови од контранапади, рече Тамше

Свое видување во пресрет на овој натпревар даде и најдобриот играч на Целје, тоа е Миха Зарабец.

-Знаеме дека можеме да играме многу подобро отколку на тој прв натпревар, но за да му се парира на Вардар мора да бидеме речиси перфектни. Сметам дека сме способни да играме таков меч и ќе го докажеме тоа во недела. Најголема опасност за нашиот тим е дефинитивно Арпад Штербик, извонреден голман за кого е многу тешко да се подготвите, но доколку се разиграме и влеземе во посакуваниот ритам, се е возможно, изјави Зарабаец.