Вардар во недела треба да го потврди пласманот на завршниот турнир во СЕХА-лигата, откако ќе одигра и реванш натпреварот од 1/4 финалето против екипата на Нексе.
По тој повод, клубот, во петок ќе одржи прес-конференција на која ќе ги изнесе очекувањата за овој меч. Истата е закажана да стартува од 12:00 часот во конференциската сала во СЦ “Јане Сандански”
Првиот дуел одигран во Нашица, заврши со триумф на Вардар (30:31). Реваншот на програмата е во недела, со почеток 20:15 часот во СЦ “Јане Сандански“