Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алушовски и Јотиќ: Убедлива победа, утре шанса ќе добијат останатите играчи
Алушовски и Јотиќ: Убедлива победа, утре шанса ќе добијат останатите играчи

Алушовски и Јотиќ: Убедлива победа, утре шанса ќе добијат останатите играчи

Вардар ги реши сите дилеми уште на првиот натпревар, што се однесува до патникот во 1/4 финалето на СЕХА-лигата. Вечерва во С.Ц. Јане Сандански, Вардар излезе како победник на првиот дуел против екипата на Металопластика, откако славеа убедливо со резултат 31:39, на дуелот на кој беа условно како гостин.

Впечатоците од високиот триумф прочитајте ги во продолжение од тренерот Алушовски.

„Како и што очекувавме лесен натпревар за нас. Полесен тренинг. Игравме со најдобрите се со цел утре да ги провериме силите на останатите играчи. Крај е на сезона и многу им е тешко на момците кои ја носеа играта на Вардар во текот на сите досегашни натпревари. Честитки до нив. Убедлива победа без многу тензија и напор. Се надевам и утре на исто издание и лесна победа“

Свое видување даде и најефикасниот на дуелот, Ловро Јотиќ, кој беше стрелец на 10 голови.

„На крај убедлива победа, иако примивме повеќе гола од тоа што очекувавме. Но, мислам дека разликата е солидна и утре шанса ќе добијат ракометарите кои имаа помала минутажа оваа сезона. Без разлика на сè, сакаме победа и на утрешниот натпревар, за сезоната да се заврши како што треба. Честитки за ракометарите на Металопластика за фер и коректниот натпревар.

Реваншот е закажан за утре во истава сала.