Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Сакаме да победиме, бидејќи ако сакаме да играме на Ф4 турнирот во СЕХА ни требаат и овие три бода
Гонзалес: Сакаме да победиме, бидејќи ако сакаме да играме на Ф4 турнирот во СЕХА ни требаат и овие три бода

Гонзалес: Сакаме да победиме, бидејќи ако сакаме да играме на Ф4 турнирот во СЕХА ни требаат и овие три бода

Денес во С.Ц. Јане Сандански со почеток од 17:45 го играме последниот натпревар за оваа година, во сеха лигата. Противник е екипата на Спартак војпут од Србија, која веќе еднаш ја победивме. На денешниот прес говореа тренерот Гонзалес и пикерот Марсениќ.

-Сакаме и овој пат да одиграме добро, зашто Вардар секогаш треба да игра добро. Сакаме да победиме бидејќи ако сакаме да играме на Ф4 турнирот во СЕХА ни требаат и овие три бода. Во СЕХА играме добро и се наоѓаме во добра ситуација. Играчи се чувствуваат добро, а тоа ни е потребно затоа што тешко е со сите овие патувања. Спартак има многу млади и крупни играчи кои многу користат контранапади. Но ние сакаме да победиме,  изјави Гонзалес.

Марсениќ, очекува Вардар да ја потврди фаворитската улога на овој дуел.

-Натпреварот против Спартак е натпревар кој мора да го победиме. Со максимално ангажирање во одбраната, со една одговорна игра треба да покажеме дека сме апсолутни фаворити на овој меч. Се надеваме дека ќе покажеме едно високо ниво на игра и дека ќе победиме, рече  Мијајло Марсениќ.