Од РК Вардар не известуваат дека прес-конференцијата за натпреварот со Кристијанштад ќе биде во четврток со почеток во 12 часот, во конференциската сала во СЦ. ”Јане Сандански”. Во истото се вели:
Ве известуваме дека прес-конференцијата за натпреварот од ЕХФ Лигата на шампионите помеѓу екипите на РК Вардар и ИФК Кристијанштад ќе се одржи в четврток (18 февруари) во 12:00 часот, во конференциската сала во СЦ „Јане Сандански”.
Натпреварот помеѓу РК Вардар и ИФК Кристијанштад ќе се одигра в сабота (20 февруари), во 17:30 часот. Ќе ни претставува големо задоволство доколку не почестите со Вашето присуство.