Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Екипата на Преспа е освојувач на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ кај генер. 2006/07, третото место е за РК Будимир
Екипата на Преспа е освојувач на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ кај генер. 2006/07, третото место е за РК Будимир

Екипата на Преспа е освојувач на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ кај генер. 2006/07, третото место е за РК Будимир

Екипата на РК Преспа од Ресен е освојувач на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ во машкиот дел кај генерацијата родени 2006/07 година. Избраниците на Иван Ангелковски во големото финале ја победија екипата на Бисинов од Велес, со резултат од 8:10.

Самиот резултат говори за каков израмнет натпревар гледавме на Кале, на кој ниту една од екипите немаше поголемо водство од три гола разлика. Екипата на Преспа прва се одлепи кога успеа да поведе со 1:3 и ова водство го задржа до истекот на првите 12 минути, кога резултатот на семафорот гласеше 3:4.

1

Одлично започна вториот дел за екипата на Преспа која постигна два гола во серија и зголеми на 3:6. Во следните пет минути се одржуваше позитивата во корист на ресенчани, додека Бисинов сериозно се закани кога се доближи до само еден гол негатива (7:8). Се влезе во неизвесна завршнива, кога резултатот беше 8:9, но Преспа не дозволи да ја испушти предноста и на крајот заслужено слави со резултат од 8:10.

27331981_141220496684472_5804027054160829864_n

Преспа на турнирот одигра вкупно шест натпревари и имаше пет победи и само еден нерешен резултат и тоа токму против екипата на Бисинов, на натпревар од групната фаза.

2

Третото место и бронзениот медал на турнирот им припадна на Будимир, кои во малото финале ја совладаа екипата на Балтепе со резултат од 7:2. По првото полувреме, Будимир си ја олесни работата околу конечниот победник, кога на пауза имаа водство од 4:0.

4 6 8

Стартуваа фуриозно и во второто полувреме кога им продолжи серијата од нови три погодоци, за веќе високи 7:0. Конечно и екипата од Тетово постигнува голови и тоа два во серија, за да го постави конечниот реултат од 7:2 на овој дуел за третото место.

5-2

7