Нашиот Рк Вардар вечерва одигра нерешено 30-30 со унгарски Веспрем во “Јане Сандански“. По завршување на СЕХА дуелот се одржа стандардна прес-конференција на истата тренерот на црвено-црните Раул Гонзалес го изјави следното :
Сакам да ѝ честитам на екипата на Веспрем, зашто мислам дека одиграа многу добар меч. Јас сум многу задоволен зашто и ние одигравме добро. Во првите 15 минути бевме супер и во одбрана и во контра-напад. Но Веспрем има добри играчи и добра стртегија па беше тешко да задржи предноста. На полувреме беше еден разлика за нас, а потоа тешко се снаоѓавме со одбраната 6-0, па Веспрем поведуваше со два-три разлика. Потоа со 5-1 имавме повеќе можност за контра-напад и постигнавме полесно голови и на крај нерешено, секогаш е успех кога ќе одиграте нерешено со Веспрем- Изјави Раул Гонзалес.
Пикерот на црвено-црните и македонски репрезенативец Стојанче Стоилов за овој дуел го кажа следново :
Да ја пофалам екипата на Веспрем за нивната борбеност. И двете екипи одигравме добри натпревари, но во првото полувреме ние бевме подобар противник и не успеавме тоа да го искористиме за поголема предност. Во вториот дел и ние и Веспрем имавме подеми и падови и двете екипи сакаа да победат и мислам дека нерешеното е реален резултат за овој натпревар- изјави Стојанче Стоилов.