Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Шишкарев и Парондо: Најважни се победата и двата бода
Шишкарев и Парондо: Најважни се победата и двата бода

Шишкарев и Парондо: Најважни се победата и двата бода

Вардар стигна до уште една победа во Лигата на шампионите. Вечерва во Скопје “падна” и белорускиот шампион, тимот на Мешков Брест. По денешната победа, на прес-конференцијата пред медиумите излегоа тренерот Парондо и крилото на Вардар, Шишкарев кои го изјавија следното:

„Среќни сме што успеавме да победиме. Оваа ЛШ е многу тешка, постојано го велам тоа, а денеска беше пример. Брест е многу добар тим, играа многу цврсто во одбрана, имаат и одличен напад. Покажаа во првото полувреме што можат да направат. Мислам дека игравме добро и во прво и во второ полувреме, само во првото промашивме неколку шутеви, нивниот голман беше фантастичен. Во вториот дел не беше така, а и нашата одбрана беше малку подобра и затоа победивме“, рече Парондо.

“Им благодарам на соиграчите за двата бода во овој меч. Со само четири тренинзи, вратени од репрезентативните обврски лошо влеговме во мечот, но потоа се корегиравме и се до крајот беше одлично. Брест е квалитетен тим со добри играчи, секоја сезона се се поквалитетни и тешко е да се игра со нив дома, а особено на гостински терен. . затоа што се враќаме на стариот пат како пред одморот”, рече Шишкарев.