Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Парондо и Војводиќ: Задоволни сме од победата и од залагањето на целиот тим
Парондо и Војводиќ: Задоволни сме од победата и од залагањето на целиот тим

Парондо и Војводиќ: Задоволни сме од победата и од залагањето на целиот тим

Вардар денес во СЦ „Јане Сандански”  во дуел од регионалата СЕХА лига  го пречека  српскиот првак, РК Војводина. Во еден натпревар во кој доминиравме со половина сили дојдовме до висока победа. РК Вардар победа со резултат 33-26 на оваа средба. По натпреварот на стандардната прес конференција тренерот на црвено-црните Парондо и средниот бек Војводиќ дадоа видување на натпревот.

Задоволен сум од играта на мите момци, кои не настапија на мечот против Веспрем, сите вечерва дадоа максимум и се залагаа за добар резултат. Уште еднаш ќе искажам задоволство од играта на мојот тим. Се надевам дека во сабота на располагање ќе го имаме и Фереира, но до последен момент не знаеме што ќе се случува, сепак верувам дека ќе собере сили да ни помогне против Рајн Некар Левен- вели Парондо.

-Најпрво сакам да им честитам на моите сонародници од Војводина, екипа која располага со млади играчи и која покажа дека постои перспектива и во српскиот ракомет. Среќен сум што успеавме на достоен начин да ги замениме играчите кои понесоа најголем дел од товарот во победата в гости кај Веспрем. Исто така драго ми што уживаше публиката во нашата игра и од тоа што Парондо е задоволен од играта- изјави Војводиќ.