Зад нас е триумфот на РК Вардар на гостувањето во Унгарија во Лигата на шампионите е историски по многу нешта, но актуелниот шампион на СЕХА Газпром лигата нема време за одмор. Следи нов предизвик, овојпат во во регионалното натпреварување. Гостин во СЦ „Јане Сандански” е српскиот првак Војводина. Средбата е закажана за утре, вторник во 17,15 часот. По тој повод денес се одржа прес-конферецнија на црвено-црните.
Парондо: Војводина е најдобриот тим во Србија во последните неколку години и не смееме да го потцениме ривалот. Имаат млади и добри играчи, кои играат агреивно и сакаат да покажат колку можат. Ние сакаме да покажеме дека имаме квалитет. Сигурно нема да биде тешко како на средбата против Веспрем, но мораме да ја сфатиме нашата задача максимално сериозно.
Кристопанс: Екипата на Војводина има многу млади играчи, но и искусен голман. Ние имаме добро темпо со играта во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата. Се работи за најдобрата екипа од Србија, а ние оваа средба треба да ја искористиме за добра подготовка за следниот натпревар во Лигата на шампионите против Рајн Некар.
За утрешниот натпревар против Војводина може да добиете и бесплатен билет. Треба да купите билет за следниот меч од ЛШ, против Рајн Некар во сабота, а со тој билет добивате билет и за средбата со Војводина.
Продажба на билети се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” и онлајн преку www.ticketplus.mk