Вчера шампионот на Европа, РК Вардар во Полска одиграа деби дуел во новата сезона во ЕХФ Лигата на шампионите во кој со победа од “плус четири“ гола ја старуваа сезоната 2017/2018 и одбраната на европскиот трон. Тие немаат многу време за одмор веќе утре го пречекуваат Татран Прешов во “Јане Сандански“ во дуел од регионалната СЕХА Гаспром лига. По тој повод на прес конференција тренерот на црвено-црните и вардаровиот капитен ги изнесоа своите ставови:
Раул Гонзалес: Оваа сезона имаат добар тим, силна одбрана и играат доста добро. Ние денеска се вративме од Висла и нема да тренираме, ќе одмораме и само ќе гледаме видео. Фаворити сме, но не смееме да се опуштиме, бидејќи Татран е ривал кој лесно казнува грешки.
Стојанче Стоилов: Одигравме добар натпревар и може да бидеме задоволни што ја почнавме сезоната со победа. Сепак, моравме да победиме со поголема разлика бидејќи бевме многу подобри. Имавме грешки во нападот и во реализацијата, а и го разбранивме Вихари, така што останавме на само четири гола разлика. Меѓутоа, најважно е тоа што тргнавме во сезоната со победа бидејќи никогаш досега не сме успеале да дојдеме до победа во Полска.