Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Писонеро и Дибиров: Порто игра „7 на 6“, тежок ривал за кој ќе најдеме тактика за триумф
Писонеро и Дибиров: Порто игра „7 на 6“, тежок ривал за кој ќе најдеме тактика за триумф

Писонеро и Дибиров: Порто игра „7 на 6“, тежок ривал за кој ќе најдеме тактика за триумф

Пред нас е првиот домашен меч  до ЛШ во сезоната, дуелот меѓу Вардар и Порто кој ќе  игра на 22 септември. Пред неделниот меч  во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 17:00 часот беше одржана прес-конференција на црвено-црниот европски првак.

Писонеро: Пред нас е важен дуел, мечот со екипаа на Порто. По победата со Монпелје во ЛШ каде освоивме значајни бода, ако не победиме со Порто, бодовите од првиот меч нема да се многу важни. Тие се една од најдобрите екипи во светот, игра седум на шест, препознатлива игра за нив и ќе мора да се навикнеме на тој стил. Ова ќе биде прв домашен натпревар во ЛШ, сакаме да победиме пред нашата публика. Имавме тежок натпревар против Металург во Суперкупот. Имавме две важни цели, првата да го освоиме трофејот, втората да ги сочуваме играчите. Нема да има отсутни, во Суперкупот штедевме сила и тоа беше моја одлука. Знаевме дека не чека важен натпревар со Порто и дека мора да штедиме сили. Ќе ни фалат само Стоилов и Толедо, кои ќе се вратат со тек на време.

Дибиров:  Секогаш на  стартот од ЛШ сме многу возбудени. Не очекува првата домашна средба  како европски шампиони и тоа е посебно чувство, истата  со нетрпение ја  очекуваме. Се надевам на   полна сала и како и секогаш мора да одговориме со добра игра. Без разлика кој е противникот секогаш ќе биде тешко, па очекувам многу голема поддршка. Сите добро знаеме како ние играме во Скопје. Очекуваме можеби не лесни, но два бода. Ќе биде комплицирано бидејќи Порто игра 7 на 6, но мораме да се адаптираме на тој стил и не верувам дека некој може да не изненади. Анализираме добро, се концентрираме само на победа и чекор по чекор одиме напред