Раул Гонзалес – тренер на Вардар
Задоволни сме како игравме со Висла и победивме. Многу е тешко да се игра во Полска. Сега треба да играме против Нант. Тие играат добар ракомет, го победија ПСЖ, а играа добро и против ПИК Сегед. Голманот на Нант одбрани 22 топки против ПИК Сегед. Нашите играчи се чувствуваат добро, и веќе тренираме за овој меч. Ќе биде брз натпревар бидејќи тие играат на контри, а и ние така сакаме да играме. Очекувам дека навивачите ќе дојдат и ќе навиваат за нас.
Стојанче Стоилов – капитен на Вардар
Досега сезоната се одвива како што посакуваме. Победивме на сите натпревари. Нѐ чека меч со Нант – тежок меч, незгоден противник. Одиме на победа. Мал апел до нашите навивачи. Да дојдат бидејќи заслужуваме полни трибини и ние.